Ниту еден научник не докажал
дека Бог не постои.
Но тие се согласни дека постои Вселена,
според тоа да им судиме според нивниот суд.
Ги гледаме небото, месечината и ѕвездите
и Земјата, како една од планетите,
галаксиите и огромните пространства,
но никаде не се гледа Вселената.
Вселената тие ја измислија
заради лажното чувство на целина.
А Вселената е речник на Божјиот говор
– Времето
и небесата ќе се смотаат како лист хартија.