Дневник

Дневник

Дневник
Враќање од стража
Магла
Паскалова теорема
Забелешка (целиот мој живот)
Ров број 3
Горчина

Во разрушениот магазин,
во костурницата на автомобилите
еден војник со врвот на гранчето
ја симнува калта од чизмите.
Друг пак резбари муштикла
и мала воденица за потокот
кому дождот му го свртел течението.
Третиот со јагленисано стапче
црта џамии и голи жени по ѕидот.

Момците со сериозни нешта се зафатени
во костурницата на автомобилите,
а надвор е сонце,
доба на црвливите цреши.

АвторАсмир Кујовиќ
2018-08-21T17:21:39+00:00 септември 1st, 2003|Categories: Поезија, Блесок бр. 34|