Уште десет минути и почнува акцијата.
Не сфаќам зошто толку ми се спие,
додека гранатите ми фрлаат земја врз лицето.
Низ отворот на пушкарницата
гледам: едно дрво, друго дрво
– столбови што придржуваат облаци
и превез од магла што се повлекува пред окото.
Тоа е превез над мајчиниот лик.
Хадис вели: Една ноќ на стража
е еднаква на сто години молење.
Оти ноќта помината на стража
тече бавно
како сто години искрена молитва.
Дождовните капки шумолат врз лисјето
како претпазливи чекори на диверзантите.
Уште пет минути и почнува акцијата.
Одвај гледам, очите сами ми се затвораат.