Дневник

Дневник

Дневник
Враќање од стража
Магла
Паскалова теорема
Забелешка (целиот мој живот)
Ров број 3
Горчина

Зората го избриша градот
и овде веќе нема никој,
небото е покриено од рој пеперутки.
Улиците, пазарите и кучињата скитници
сè, освен гробиштата, од зората е сметено.
И моето лице.

Но не и младите госпоѓици,
од синоќа тие шетаат покрај кејот
и си прераскажуваат стари филмови,
детално, како болниот својата болест.
Ни овоштарниците под нивните здолништа не се збришани.
Ни свилената вода, под мостовите.

Смрзнат миг во алејата на костените
ко бледа фотографија од добата на џезот.
Овде веќе нема никој и
мртвите ги зедоа нашите места.

А ти само гледаш како ја отворам устата
зад стаклото. Но моите раце те смируваат.
Ти велам, не грижи се, еден ден
ќе го слушнеш и она што го изговорив.
Птицата летна од оџакот со чад,
со неа во лисјата се сокрив
и гледам како заминуваме
по улицата што никнува од нашите чекори.

АвторАсмир Кујовиќ
2018-08-21T17:21:39+00:00 септември 1st, 2003|Categories: Поезија, Блесок бр. 34|