Телониус Монк и последните денови

/, Звук, Блесок бр. 114-115/Телониус Монк и последните денови

Телониус Монк и последните денови

Ѕвездите се инакви
Медитацијата на терасата
Полноќни разговори
Монкизам Мистериозо

Таму некаде кон полноќ почнувам да го подготвувам своето прво и единствено пакетче за денес. Чекам сè да се смири и ѕверките да завладеат со тишината, па почнувам со процесот на мотање. Добар пример сум за негирање на теоријата дека со вежбање се развива една вештина. Обидувајќи се, размислувам за теориите.

Има теорија дека Телониус Монк ја компонирал првата верзија на песната Round Midnight во 1936 година. Тоа беше мало загревање пред да се удрат темелите на бибопот – смислување на песната која своето бескрајно патување го започна под името Grand Finale. Имал деветнаесет години.

„Некогаш твојата предност е токму тоа што луѓето мислат дека си луд“, рече и ми покажа на она што го држев меѓу прстите. Повлеков еден чад како да ми е последен и му понудив.

Кероак претпоставуваше, ама јас сум сигиурен – беше Монк, никој друг, тој е оној кој минувајќи крај кројачката работилница на 42-та улица, само неколку години пред Втората светска војна, на разгласот на својот ум ги слушна првите грешки на дотогашниот џез и служејќи се токму со нив го создаде бибопот. Заслугите се обидоа да си ги припишат и други, а Монк, тој прекрасен луд Телониус, не им обрнуваше внимание, само продолжуваше да смислува и да компонира. Имаше толку нешта за откривање.

Jack Kerouac ~ American Haikus – Peter Gullerud ~ Sketches

2018-08-21T17:20:35+00:00 август 10th, 2017|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 114-115|