Телониус Монк и последните денови

/, Звук, Блесок бр. 114-115/Телониус Монк и последните денови

Телониус Монк и последните денови

Ѕвездите се инакви
Медитацијата на терасата
Полноќни разговори
Монкизам Мистериозо

Телониус ме гледа како да слуша што мислам, дува еден чад и ми вели: „Ако ме прашуваш мене, создавај така како што мислиш дека треба. Не го прави она што го очекува публиката. Свири го она што го сакаш, а публиката остави ја да се вклучи во она што го правиш – дури и ако за такво нешто на публиката ѝ требаат петнаесет, дваесет години.“

Посакувам на терасата да се покаже и Сони Ролинс. Можеби и изговарам такво нешто, што за Телониус не прави никаква разлика. Нивните заеднички свирки и дамнешниот огин ме тераа да го посакувам невозможното. Јазикот е тежок и непослушен. Разви свои сопствени алгоритми, сè послатки се тајните кои ги открива.

Од тебе сепак се откажав. Повеќе не е забавно. За првпат се чувствувам соголено и ослободено. Усните на музата ги одредија границите. Границите ги прераснавме. Се надевам дека ќе знам понекогаш да се вратам и дека нема да заборавам. Концептот на копнежот повеќе не ми одговара, а она што се очекува никогаш нема да го изведам. Време е за исчезнување и мириса на промени. Вистината е доволно стара и јасна, сјае како ќошињата на нашите сознанија, од времето која смислувавме премини и патишта, а не ѕидови. Таму каде што некогаш имаше улица.

Leonard Cohen / Sonny Rollins

2018-08-21T17:20:35+00:00 август 10th, 2017|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 114-115|