Телониус Монк и последните денови

/, Звук, Блесок бр. 114-115/Телониус Монк и последните денови

Телониус Монк и последните денови

Ѕвездите се инакви
Медитацијата на терасата
Полноќни разговори
Монкизам Мистериозо

Превод на македонски: Елизабета Баковска

Некогаш патот беше најдобрата медитација – патувањата што не престануваат, километри, двесте километри на саат и пејзажи кои се менуваат толку бргу што не стигнуваш да ги забележиш. Умот се предава, умот станува црта која бледнее на средината на патот. Сосема доволно сеќавањето да се замагли.

Овој ум медитацијата ја најде на терасата. Самата тераса е нејзината дефиниција. На неа си изградив некаков видиковец. Ако добро се загледам, можам да го видам она што ми е потребно. Од терасата успевам да го сетам твоето место и сè што ми треба е тишина и вистинска музика.

На твојот агол, таму каде што некогаш имаше улица, остана само контрабасот на Бен Алисон. Дилемите на годишните времиња го престориле во сребрено нешто што сјае. Ѕвездите изгледаат поинакѕ кога ги гледаш од тоа место. Особено ако тоа го правиш некаде меѓу 3.30 и 4.15 наутро.

Време е да се заврши или да се лае на баладите, за обиди да напишам поодобра од онаа која одамна ја напишав, во времето кога не се натпреварував. Во времето кога смртта се натпреваруваше со најдобрите од нас.

Ballad of Joe Buck – Ben Allison

2018-08-21T17:20:35+00:00 август 10th, 2017|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 114-115|