Телониус Монк и последните денови

/, Звук, Блесок бр. 114-115/Телониус Монк и последните денови

Телониус Монк и последните денови

Ѕвездите се инакви
Медитацијата на терасата
Полноќни разговори
Монкизам Мистериозо

Телониус Сфиер Монк ми зачекори на терасата како да излегува на сцена. Сè е тука: и беретката и ставот и боп очилата. Неверувањето се меша со опојниот чад, додека неговите чекори сè повеќе се трансформираат во бавен танц. Како кога ќе ги напушташе клавирот за да може подобро да го види и да го чуе својот бенд и да затанцува на солото кое го изведува Џон Колтрејн. Или Мајлс Девијс. Или Сони Ролинс. Мајлс никогаш не се чувствуваше удобно во тие мигови.

Но не и Колтрејн. Уживаше и учеше покрај Монк. Како сведоштво ги повикувам овие негови зброови: „Работата со Монк ме приближи кон архитектот на музиката од највисок ред. Чувствував како до него учам на секој можен начин – со сетилата, теоретски, техничи. Ќе разговарав со Монк за музички проблеми, а тој само ќе седнеше на клавирот и ќе ми ги покажеше одговорите така што ќе ги отсвиреше. Можев да гледам како свири и да добивам одговори на нештата кои сакав да ги знам. Исто така, имав можност да сведочам на толку нешта за кои не ни знаев дека постојат.“

Можно е дека ќе седнеше на клавирот и ќе ми го отсвиреше она што следи, но немам клавир. Не останува ништо друго освен да легне на мрежата и да ја преземе оваа ноќ. Не се двоуми. Телониус Монк е домаќин на ноќта на мојата тераса. Нека управува со медитациите и нека го заврши она што го започна со вртењата на неговиот албум Underground. И со пакетчињава кои ги подготвив.

Thelonious Monk – Underground

2018-08-21T17:20:35+00:00 август 10th, 2017|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 114-115|