во овој град мачнината
се одбива од шупликавите ѕидови ноќе
улиците се свиваат во долготрајно минато
столетие се чувствува само темнината како
се рони како песок под твоите нозе
кога ќе се сопре здивот во чекорот
а кој
на млечните деца на моќта
ќе им објасни каде исчезнало
небото на кое Чешмички
гледал роеви мушички читајќи ги
како латински стихови?