Ќе те убијам, о красен елену,
ќе ти го изедам нежното тело.
Веќе дишев низ твоите воздишки,
веќе го споив твојот дух со мојот
и едно сме.
Нека телото твое премине во телото мое,
нека моќта твоја се спои со моќта моја.
Низ очите мои гледај, о красен елену,
јури со моите брзи нозе.