Јазикот вели

/, Блесок бр. 43/Јазикот вели

Јазикот вели

Јазикот вели
Лик
Ловечка песна
Љубовна песна
Племенска песна

Главата ми е облак врз ликот на езерото:
ветрот
е мирен.
Планини и планински сенки,
точки од сиво и светлина,
патуваат врз водното огледало.
Точки од, сенки од лица,
долга
долга процесија.
Ликовите кои биле
секогаш ќе бидат
овде внатре овде внатре овде:
на брегот од око мртвите се збираат
да се искапат
да воскреснат
и да бидат.

Мојот лик врз ликот на езерото,
мрешкања врз ликот на мрешкањата:
Троја, Ерусалим, Александрија, Рим
воздиг и пад
пад и вознес.
Чадот уште се крева од градските ѕидини,
мечовите уште сјајат во самракот
јас се воздигам и паѓам, паѓам и се вознесувам.
Ликовите кои ќе бидат секогаш биле;
сиви точки врз водното огледало.

Охридско езеро, 30 август 2003

2018-08-21T17:21:31+00:00 јули 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 43|