Јазикот вели

/, Блесок бр. 43/Јазикот вели

Јазикот вели

Јазикот вели
Лик
Ловечка песна
Љубовна песна
Племенска песна

Облечен во мојата дрвена природа
се одморам во сопствената сенка.
Преку карпите
се наводнувам
течејќи со другите
во меко единство.

Кога небото ми е облачно,
ја облекувам мојата громовска природа
го празнам товарот од мојата моќ,
наводнувајќи се себеси земниот.

Потем, разведрувајќи се, носам долги бели пердуви
од хоризонт до хоризонт
и ги обрабувам моите граници,
ги обрабувам рабовите на небото.

од англискиот превод на Хелена Берг и Фиона Сампсон

2018-08-21T17:21:31+00:00 јули 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 43|