Читање на тишината

/, Блесок бр. 71-73/Читање на тишината

Читање на тишината

Изградба на писмото
Симулација на соучесникот
Хорови на обичната смрт
Космичка верзија
Привиди на Медитеранот
Можен распоред на стиховите
Имиња на копнежот, женско име
Доживување на собата

Вака: можам да ги замислам улиците по кои
несигурно си чекорел, да ги вежбам чекорите
и да препознавам мириси на простории, облека
и покуќнина. Несоницата веќе ја поседувам,
низ лавиринтите одамна сообраќам.
Со помош на мечтата, би можел да реконструирам случки
од детството и младоста. (Најтежок би бил, навистина,
темниот период). И онака фикциите се неспоредливо
поверодостојни од фактите. Би го научил јазикот,
би го извежбал акцентот. Сенешто би дознал за војните,
религиите, најмногу за книгите, а за љубовта
и тигрите – едвај по нешто. Би се справувал некако
со прељубопитните луѓе, но секогаш
би избирал само еден за да му зборувам.
Додека би ме читале, луѓето би биле свесни
дека се работи за нивните животи. Просторот и времето,
моите расположенија – не би биле од големо значење.
Би ги присвоил, секако, и твоите стихови;
другите би зборувале како е тоа во манирот
на твоите игри со двојници. Сè на сè,
чесно би ја одиграл улогата на соучесник.

2018-08-21T17:21:02+00:00 јуни 30th, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 71-73|