Читање на тишината

/, Блесок бр. 71-73/Читање на тишината

Читање на тишината

Изградба на писмото
Симулација на соучесникот
Хорови на обичната смрт
Космичка верзија
Привиди на Медитеранот
Можен распоред на стиховите
Имиња на копнежот, женско име
Доживување на собата

Можам само да претпоставувам како би изгледала
песната за тебе. Нејзината форма до сега не успеав
да ја осмислам, внатрешноста – уште помалку.
Зборовите на песната повремено ги наоѓав

во туѓи стихови, но никогаш со посакуваниот распоред.
Во ниедна приказна не можев да најдам уверливи слики
за твоето битие, во ниедна реченица – потполниот одраз на твоето тело.
(А знам дека сето тоа, повеќе или помалку, веќе толку пати е кажано.)

Впрочем, не можам туку-така да те сместам во инвентарот на јазикот.
Тогаш тоа би бил само уште еден сон, чии случувања во целост
не би ги запомнил после будењето. Значи, имам моќ

само да одиграм уште една измислица и затоа се согласувам
на веќе објавени зборови. Ти велам, можам само
да претпоставам како би изгледала песната за тебе.

2018-08-21T17:21:02+00:00 јуни 30th, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 71-73|