Читање на тишината

/, Блесок бр. 71-73/Читање на тишината

Читање на тишината

Изградба на писмото
Симулација на соучесникот
Хорови на обичната смрт
Космичка верзија
Привиди на Медитеранот
Можен распоред на стиховите
Имиња на копнежот, женско име
Доживување на собата

Прашината по непозната патека
ја однесуваше човечката негрижа.
Пространствата полека
се соединуваа со темнината.
Во становите влезе студенило.
Исчезна сето она што, до вчера,
ми донесуваше фантазии за тебе.
Сега небесата владеат со нашите молчења,
и ниедна жена не може да го има твојот поглед.
Сега не постои далечина во која би можела
да се смести твојата душа, обземена со тебе.
Ништо не го навестува твоето доаѓање!
Само тишина – проста и необјаснива.
И прераниот самрак
им се руга на моите надежи.
Далеку си:
твојата отсутност конечно ги одредува
главните одлики на моето писмо.

Мислам на тебе.
Но, не можам да го одредам
растојанието
помеѓу нашите два копнежи.

2018-08-21T17:21:02+00:00 јуни 30th, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 71-73|