Читање на тишината

/, Блесок бр. 71-73/Читање на тишината

Читање на тишината

Изградба на писмото
Симулација на соучесникот
Хорови на обичната смрт
Космичка верзија
Привиди на Медитеранот
Можен распоред на стиховите
Имиња на копнежот, женско име
Доживување на собата

Пак стар, се повлекуваш во просторите
на кои вистински им припаѓаш.
Бавните чекори го сокриваат само на таквите
познатото – задоволството на предавањето.
Под високите ѕидови на празната соба
најпрвин ќе ја слушнеш сопствената воздишка.
Подеднакво израз на умор и бегање.
Соочен со тежината на тишината,
потоа, благо ќе ја прекриеш главата –
самиот себеси да се излажеш дека си вон
загубеното време. Тоа ќе го сториш
сосем свесно и не баш истрајно.
Загледан во белината, на кусо ќе мислиш
за жените кои не си сакал да ги имаш.
Во текот на ноќта твоето битие ќе го пронижуваат
различни чувства – рамнодушност,
тежнеење кон просечност, непостојана дрскост.
Сето тоа ќе се случи во некој полусон.
Во потрага по запоставениот живот.

2018-08-21T17:21:02+00:00 јуни 30th, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 71-73|