Наједноставното

/, Блесок бр. 87/Наједноставното

Наједноставното

Две црвени бобинки
Нордиска светлина
Наједноставното
Клинец низ ѓонот на сандалата во Сиднеј
Без наслов
Северен Икар
Недела во шума со боровинки
Нишки

Одат нишки
од светлината долу во хумусот
кон оние кои еднаш минаа овде
Одат нишки
од брзаците на северот
низ темните шуми
долу кон новите населби на југот,
кон големите градби во друг јазик
Одат нишки
меѓу луѓето,
вжештени бакарни нишки што пеат во ноќта,
темни, неми откако сè е речено
зелени изртени како тенки коренчиња

Одат нишки
меѓу тие што имаат моќ
и оние што се обидуваат да си го средат животот,
нишки меѓу како беше еднаш
и како еднаш ќе биде

АвторБенгт Берг
2018-08-21T17:20:51+00:00 декември 16th, 2012|Categories: Поезија, Блесок бр. 87|