Во некои денови

/, Блесок бр. 95/Во некои денови

Во некои денови

Денот филтриран
Лет во место
Топола
Во некои денови
Јаболко и кос
Секојдневно
Сопствениот здив
Се сретнуваме

ТРЕПКИТЕ крцкаат, погледот плови
под тенок мраз: дневната светлина нѐ наседнала.

Стануваме и никој не знае кое лице
со него се буди. Прозорецот е голема градина,

што во воздухот отвора тишина, а сонот
со последен одблесок, топол, обоен во јаболка.

Утрото се врти со Земјата а еден кос потскокнува
низ твојата прва реченица: на тој начин расте довербата

во повторувањето што те заборава. Светлината
значи будни сме. Стануваме: времето е

недостижно меѓу два здива. И ова опипување по
твојата дланка, кога речениците ќе заталкаат.

АвторЈурген Ненѕа
2018-08-21T17:20:44+00:00 мај 15th, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 95|