Во некои денови

/, Блесок бр. 95/Во некои денови

Во некои денови

Денот филтриран
Лет во место
Топола
Во некои денови
Јаболко и кос
Секојдневно
Сопствениот здив
Се сретнуваме

ЛЕТ ВО МЕСТО, во него твојот поглед
се врти и се растега и трепери

врз ова денски активно сјаење на крилјата:
фустанот ти се зализгува наназад по кожата

во собата на развлечени вокали
со јазли без почеток, крај.

Развеано и кршливо, меѓу звук
и светло ти се засводува хоризонтот

во крвниот сад: стоиме босоноги покрај
прозорските крила. Кондензацијата прокапува,

брис од устата на една ноќ.
Својот шепот ми го вметнуваш

в коса: спојница
за разделени патишта.

АвторЈурген Ненѕа
2018-08-21T17:20:44+00:00 мај 15th, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 95|