Во некои денови

/, Блесок бр. 95/Во некои денови

Во некои денови

Денот филтриран
Лет во место
Топола
Во некои денови
Јаболко и кос
Секојдневно
Сопствениот здив
Се сретнуваме

СОПСТВЕНИОТ ЗДИВ стои околу нас
на вратата кон градината. Влегуваме во дождот,

му ја откопчуваме кошулата, воздухот отаде лежи
како гола кожа врз гранки. Влажно е и

мокро, пејзажот го нанижува твојот глас.
Kапки се засводуваат со небо и со море.

Во секој збор Земјата се врти, а ти не знаеш,
како те погледнува, под тупотот, од под трагите

на твоите стапала, исполнета со конјунктиви
и песок. Центарот светка, таблицата за множење

оди пред нас. Повторувам: маж
и жена и кос се едно.

АвторЈурген Ненѕа
2018-08-21T17:20:44+00:00 мај 15th, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 95|