Во некои денови

/, Блесок бр. 95/Во некои денови

Во некои денови

Денот филтриран
Лет во место
Топола
Во некои денови
Јаболко и кос
Секојдневно
Сопствениот здив
Се сретнуваме

СЕ СРЕТНУВАМЕ во јаболкото, си раскажуваме
во неговата куќа, каде малите косови созреваат

и очекуваат дрво кое со Земјата заедно
се врти, која ја произнесуваме и пиеме,

бидејќи сме жедни: цело море,
што молчи во нас, како овошното месо

што молчи во јаболката, како молкот во тишината
што молчи и се распрашува и со кажување „да“

во себе ја носи својата белина како невеста. Ние сме
тие што пазарат во центарот. После појадокот

прозорецот е регал. Ние стануваме. Ние
раскреваме. Ние сме тие. Не сме.

АвторЈурген Ненѕа
2018-08-21T17:20:44+00:00 мај 15th, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 95|