Во некои денови

/, Блесок бр. 95/Во некои денови

Во некои денови

Денот филтриран
Лет во место
Топола
Во некои денови
Јаболко и кос
Секојдневно
Сопствениот здив
Се сретнуваме

Се потпираш на тополата, на нејзиното вертикално
шумолење. Реката мирно протекува покрај тебе,

затворена во себе, како молитва што плови.
Во нејзиното стебло е врежано име. Можеби

под кората допира до некој год,
или до некој друг начин, како со мислите

да се пренесеме во реалноста преку метафора.
Дури и славната насмевка е внесена

во дрвото од тополата, тенка и затворена во себе.
Кога насмевката беше открадната, многумина

посетители се втурнаа во Лувр за да ја видат
празнината што ја остави. Врз водата се огледува тополата.

Тешко ти паѓа да одредиш каде престојуваш.

АвторЈурген Ненѕа
2018-08-21T17:20:44+00:00 мај 15th, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 95|