Во некои денови

/, Блесок бр. 95/Во некои денови

Во некои денови

Денот филтриран
Лет во место
Топола
Во некои денови
Јаболко и кос
Секојдневно
Сопствениот здив
Се сретнуваме

СЕКОЈДНЕВНО се поместува работ на помнењето
и она што сакавме да кажеме: јаболкото не знае

дека времето нè произнесува. Во нашите дланки
се поти големо езеро а светот

повторно започнува, нежно како шепот
над портата од градината, како пајажина

која прикачува средиште во воздухот, демнејќи
ја заемната поврзаност. Си замислуваме во низи,

масата поставена, а кога тишината ќе се
отвори: на улицата љубовта оди во пекарница

нема како срна. Ѕемнењето се провлекува
низ тапетот. Сега тешкотијата е само косот.

АвторЈурген Ненѕа
2018-08-21T17:20:44+00:00 мај 15th, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 95|