Будење во трето лице еднина

/, Блесок бр. 96/Будење во трето лице еднина

Будење во трето лице еднина

Лепливи зборови
Несовршеност
Барајќи знаење
Вуманити
Чудно и далечно
Земи сè
Доцна
Зошто и како

Сите ние имаме некое чудно лице,
Моето е бледо лице под пригушено светло
Со пеги и стегнати ноздри,
И очи, полузатворени, никогаш широко отворени.
И уста со врв од јазик во аголот.
Моето чудно лице е наместено на мисла,
Која, многу често, долго трае,
И престанува да се крие, па ти ќе прашаш
„Што е работата?“,
А јас морам да се оддалечувам
За да не го видиш.
Ама ти никогаш не престануваш да прашуваш,
го нурнуваш твоето во моето лице
и погледнуваш длабоко,
оглувен од мојата воздишка.
Јас тука ништо не можам да направам,
Па ти признавам и жално си заминувам.

АвторД.А. Лори
2018-08-21T17:20:43+00:00 јуни 21st, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 96|