Бикови во мојот крвоток

/, Блесок бр. 05/Бикови во мојот крвоток

Бикови во мојот крвоток

Луѓе од збор
Првиот студен ден
Исплашена песна
Дрскост
Житие за живите
Садење дрво (запис)
Патишта низ небото
Повторно те сонувам
Бикови во мојот крвоток

Во мојот крвоток има сè:
има далечни и блиски времиња
има остатоци од вчера,
има делови од есента
и почетоци од утре.
Во мојот крвоток има лудост
и пофалба за зелени полиња
што завршуваат во остри брегови.
Во него има
диви и питоми животни
кои ги води еден замаен младич,
кон куќата во облик на круг.

АвторБратислав Ташковски
2018-08-21T17:22:13+00:00 октомври 1st, 1998|Categories: Поезија, Блесок бр. 05|