Беше тоа во месецот кога црешите паѓаа,
а птиците беа ѕидари.
Си ја лупев кожата како старо дрво
и секоја вечер сонував
мало девојче со крст на градите.
Ме боли,
тешко ме притиска ова невреме
што силно удира по моите порти,
па затоа заминувам,
сам како странец во далечина
што седум години молчел…
Сега,
кога сиот сум изменет
јас правам зборови од сеќавањето
и повторно магијата
ми бега како нешто лизгаво.
Повторно те сонувам, но сега поблизу до небото!
Бикови во мојот крвоток
Луѓе од збор
Првиот студен ден
Исплашена песна
Дрскост
Житие за живите
Садење дрво (запис)
Патишта низ небото
Повторно те сонувам
Бикови во мојот крвоток
Првиот студен ден
Исплашена песна
Дрскост
Житие за живите
Садење дрво (запис)
Патишта низ небото
Повторно те сонувам
Бикови во мојот крвоток
АвторБратислав Ташковски