Мила моја,
(проговори ангелот)
со кого да зборувам денес,
кога ме посетуваат одамна паднатите?
а не знам дали си близу,
па да ти посакам немир во леглото
и желба во очите.
(се пожали ангелот)
О, Боже, мој добар пријателу
прости ѝ ги сите гревови;
Зар не гледаш:
со рацете го создавам нејзиното тело,
јас, ангел на Христови години, дознав:
(категорички потврди ангелот)
љубовта е празен гроб,
почивка во големи простори,
расправија со сопствената душа.
(рече ангелот)
и полета како Икар кон сонцето.
Боже!