Пред триесеттата
мислев дека не верувам во нештата
што ми беа пред очи,
та трапаво ги испуштав
да си одат во неповрат.
Сега мислам дека верувам во Бога,
иако никогаш не сум го видела.
Сакај го ближниот свој,
тогаш кога ти се чини
дека животот ќе му истече
токму низ твоите дланки.
Љуби го со сета своја немоќ
да делуваш против мене,
ми рече тој,
тогаш кога од него барав
да се премисли.
И делувај со вера
само во себе.
Состојби на духот и телото по триесеттата
(Светот во којшто живеам ми носи) Разочарување… 1. Од мојата генерација
(Светот во којшто живеам ми носи) Разочарување… 2. Од државниците
(Светот во којшто живеам ми носи) Разочарување… 3. Од себеси
(Светот во којшто живеам ми носи) Делување… 1. Од тврдоглавост
(Светот во којшто живеам ми носи) Делување… 2. Од инает
(Светот во којшто живеам ми носи) Делување… 3. Од вера