Мислам дека го видов Робинсон.
Ни го караше Петко војводата
да не чепка нос по прес конференции.
До него седеше Колумбо
јадеше прасечко, печено на овчи лој,
широко насмевнат оти тој прв
однел вошки во Америка.
А и војската еве ни се врати,
прегладнета, мртва, уморна,
киклопи ја водат, орли ја вијат.
Државниците никаде ги нема.
Само нам, жените,
грлата ни останаа за тажење.
Состојби на духот и телото по триесеттата
(Светот во којшто живеам ми носи) Разочарување… 1. Од мојата генерација
(Светот во којшто живеам ми носи) Разочарување… 2. Од државниците
(Светот во којшто живеам ми носи) Разочарување… 3. Од себеси
(Светот во којшто живеам ми носи) Делување… 1. Од тврдоглавост
(Светот во којшто живеам ми носи) Делување… 2. Од инает
(Светот во којшто живеам ми носи) Делување… 3. Од вера