Смена на ноќната стража

/, Блесок бр. 32/Смена на ноќната стража

Смена на ноќната стража

Охрид
Мртва природа
Привлекување
Смена на ноќната стража

Премалена од жега, земјата се оттргна,
морето се згуснуваше, навлеговме внатре.
Прекрасни риби и медузи притаени
лулееше маглата со пипалата црвени,
небото се издигнуваше пред нас – безбојно и богато,
моторот запре,
моторот запре и не обви тишината.
Растеше утрото вплетено во мускулите
во грбовите ни ги зариваше ноктите
во ушите ни бучеше, ни ги притискаше градите
и ние се губевме – осамени и чесни…

Потоа пријателот се спростре на штиците
ги скрил со рака очите, беше неподвижен,
му подадов цигара, сè уште бевме наводенети,
лежевме ние сувоземните, прежеднети, запуштени,
чадевме во омарнината, во кревкиот чун
и плукавме во морето, расплукано наоколу,
во горештината меѓу нас вибрираше нејасно
една полупочувствувана опасност.

АвторГеорги Рупчев
2018-08-21T17:21:41+00:00 јуни 1st, 2003|Categories: Поезија, Блесок бр. 32|