Приказни за Нана

/, Блесок бр. 28/Приказни за Нана

Приказни за Нана

Приказна за Нана – 1
Приказна за Нана – 2
Приказна за Нана – 3
Чист крај

Беше предоцна. Во жешкиот летен ден на островот, нешто ѝ се случи на мачката Нана.

Можевме да го видиме клунот на бродот вкотвен меѓу карпите. И тоа беше сè. Од време на време светлата од автомобилите поигруваа по празното небо над пустото море низ поројниот дожд.

На крајот, најдовме патоказ. Околу осум милји земјен пат минавме крај храмот Џеондунг, наидовме на плажа за капење. Залезот минуваше треперливо. Нè пресретна жолта морска вода, потоа стана модра. Празните простори израснаа.

Ветеринарот ја спушти мачката и внимателно ја прегледа, ни рече има скршени ребра и заплет на цревата. И ни рече дека мора да ја оперира. Може да умре. Нана мјаукаше, завиваше.

Не постои никој што може со удар да го подели светов на две сфери, добра и лоша. Сето задоволство и сиот очај се измешани во заплеткано клопче, и ги спојуваат јазовите меѓу луѓето и луѓето, луѓето и животните или билките, и луѓето и семирот. Тоа е силен синџир, или насилство. Тоа е прељуба, или забранета љубов.

Отидовме на островот за да го покриеме нашиот копнеж со дебело палто, или да го измиеме копнежот, но морето не ни одговори. Чудо е што е Нана сè уште жива.

* Храмот Џеондунг: будистички храм на островот Канва во Западното Корејско Море.

АвторХанјонг Џеонг
2018-08-21T17:21:46+00:00 октомври 1st, 2002|Categories: Поезија, Блесок бр. 28|