Приказни за Нана

/, Блесок бр. 28/Приказни за Нана

Приказни за Нана

Приказна за Нана – 1
Приказна за Нана – 2
Приказна за Нана – 3
Чист крај

Сончевите зраци полека се трошат.
Низ тенките долги нишки мојот стар автомобил забрзува.
Еј, гледај
Светлото одблеснува како низ дождовни капки. Забрзувам да го фатам светлото копнеење.
Голем е ридот во градот каде живее Нана, па знам дека не можам да одам таму со празни раце.
Во багажникот прибирам добро исушени капки, откршени звуци и добро испасирани јазици.
Го минувам Волгот.
Ги минувам соланите.
Минувам преку вијадуктот кај Сеочанг.
Многу ликови случајно сретнувам, брзо ми се доближуваат и полека исчезнуваат.
Можеби патов е излез во случај на опасност, кон светлиот крај на светот.
Или, можеби е само единственото бегство во смрт.
Како Нана, тажен сум или весел.
Следувањата ми се дадени, среќа или ноќ. Како животно обесено на карпа, полека се сушам.
Правливата љубов, таа е моја, ничија друга.

* Волгот, Сеочанг: мали градови. Во полето помеѓу нив има многу напшуштени солани.

АвторХанјонг Џеонг
2018-08-21T17:21:46+00:00 октомври 1st, 2002|Categories: Поезија, Блесок бр. 28|