Предмети

Предмети

Предмети
Ручекот на љубовниците
Патиштата на душата

Во малиот стан
со слабо греење
и со величествен поглед
на паркот:
стари дрвја,
птици,
водоскоци,
цвеќе со скржави бои.

Сите овие слики
влегуваат низ прозорецот,
се сместуваат на масата,
врз која Тој
со голем нож
го сече зарзаватот,
зафатен од есенските слани.
Успешно ги мести
во земјена тава
и ги реди
во загреана рерна.
Таа,
не се обидува да му помогне,
до него премалена
и задоволна
седи.
Го гали нежно под
закопчаната кошула,
кожата му е мека и под
неа е неговото
обло тело:
„само уште сосот да го прелијам“
ја бакнува во вратот.

Овој оброк е право чудо:
во него учествува
блискиот жагор
на градот,
водата што однапред
ми иде на уста
меките сенки на ѕидот, трпното ладно
и авионот
што им го надлетува
станот.

АвторГордана Михаилова-Бошнакоска
2018-08-21T17:22:02+00:00 август 1st, 2000|Categories: Поезија, Блесок бр. 16|