Предмети

Предмети

Предмети
Ручекот на љубовниците
Патиштата на душата

И додека го завршувам
текстот
и додека ги споменувам
патиштата на душата,
еден силен ветар
од Шара
влегува внатре
во сувиот воздух
на собата.

Се вклучува сам од себе
телевизорот
и одекнува од етер
далечната песна
на малите ангелчиња
со скрстени ножиња
седнати врз облакот
на синото небо.

Се расплетува песната
на херувимските гласови
дека таа – душата,
се појавува
со самракот,
во неизбежно друштво
со кобата.

АвторГордана Михаилова-Бошнакоска
2018-08-21T17:22:02+00:00 август 1st, 2000|Categories: Поезија, Блесок бр. 16|