Подгорица, пролог

/, Блесок бр. 100/Подгорица, пролог

Подгорица, пролог

за Игор Исаковски
говорот е последната моќ,
нема живот без поезија!

авионот слета
по шест обиди.

бурата стивнуваше,
силен ветер ги разнесуваше лисјето
и го лепеше по прозорците
на аеродромската зграда.

тој стоеше надвор, на ветрот,
до човекот со хартивчето
и моето име
на кирилица.

огномет од коса,
брутален поглед
и мелахнолија.

тука беше и примож,
блед по четирите
неуспешни слетувања.

потоа хотел црна гора,
неговото продорно смеење
се засекуваше во крвотокот,
во бетонот,
во тишината на социјалистичката градба.

без други учесници
како предговор на ноќта со долги дијалози,
лепилото на погледот,
неврат,
епска патетика.

шише џејмисон под масата,
маскирно шише горе,
покрај прозорецот со тешки
брокатни пердиња.

тој слетал вчера,
пред дождот на хоризонтот,
на плиткиот хоризонт
во подножјето на висорамнината.

втонати во неговиот допинг,
бевме постамент и праг.

2018-08-21T17:20:41+00:00 септември 9th, 2015|Categories: Поезија, Блесок бр. 100|