Подгорица, пролог

/, Блесок бр. 100/Подгорица, пролог

Подгорица, пролог

за Игор Исаковски
говорот е последната моќ,
нема живот без поезија!

ја надгласуваше вревата
на соседните маси.

зборовите ја разбиваа тишината,
тишината стаклата на прозорците,
напуштените шишиња
под нозете,

гласот се развиваше во тоналитет,
тоновите формираа глас.

тишината обликуваше зборови
кои допрва требаше да се преведат
на сите светски јазици.
тишина и чад: сценографија
на долги, бессони ноќи
од кои вирееше
злото на текстот,
вардар меѓу прстите
и големиот крст на ридот.

2018-08-21T17:20:41+00:00 септември 9th, 2015|Categories: Поезија, Блесок бр. 100|