од „Избрани песни (1980-2000)“

/, Блесок бр. 24/од „Избрани песни (1980-2000)“

од „Избрани песни (1980-2000)“

Спокојот на пепелта
Пеперуга на одразот
Негатив на времето
Катафалка
Платно
Лисабон
Мизантроп
Студио
Голвеј

Четка без рака. Планините налик
На покриви се одмораат врз деца. Колата
Е размачкана боја од минатото.

Нема ниту будење ниту
Спиење и дремење пред пијаното.
Патувањата догоруваат во твојата пепел. Загубени

Твоите слики, твојата маса, сè што си
Бил. Она што се чинеше без крај
Мина. Останаа сал бели платна.

Остра линија снег наспроти
Ѕидот. Ништо, сал твојот глас,
Далечен мрмор на

Автоматска секретарка. Спомен
На време кога деновите не се
Броеја, а твоите очи сè уште

Искрат како вино од визба,
Gran Reserva
. Така животот
Си го испи, до последна капка.

АвторХанс ван де Ваарсенбург
2018-08-21T17:21:52+00:00 јануари 1st, 2002|Categories: Поезија, Блесок бр. 24|