Коњаник

Коњаник

Коњаник
Шума
Птица
Змија
Ружа

Кога ќе помине оваа шума
со брзина на вепар?
Темна во темелот
горда во телото
не признава пожар
ниту сонце во гранки
оваа смешна шума
во која смеата ја заборавам
срцето го назначувам за був
папочната врвца за најдлабок корен

во оваа шума што се движи
со брзината на моето око.

АвторАполон Гилевски
2018-08-21T17:22:03+00:00 јуни 1st, 2000|Categories: Поезија, Блесок бр. 15|