Коњаник

Коњаник

Коњаник
Шума
Птица
Змија
Ружа

Соѕвездијата го сменија распоредот
Обрачот од модрици се спушти
како вжештена круна
Ветрот конечно
го впери својот показалец:
Тажна е оваа месечева лузна
врз моето чело
оваа блескава насмевка
што ќе биде избришана
од небрежната смеа
на денот

АвторАполон Гилевски
2018-08-21T17:22:03+00:00 јуни 1st, 2000|Categories: Поезија, Блесок бр. 15|