Кабаре

Кабаре

Кабаре
Истории
Бегалци
Во центарот на водата
Љубовна песна
Несреќа
Најстариот занает

Во својата суштина сѐ е вода
велеше ти таа ноќ, ако се сеќаваш
додека огнот ја матеше светлината
на влажните прсти што полека ја лупеа
сувата корка од портокалот
пред да се заријат во неговата жолта сочност

Жената, момчето, овошката – сѐ
на овој свет е направено од вода
треперлива рамнодушна или тивка во нив
тромо некогаш избива во пот
да ја тивне жедта на своите битија
пред пак да испари нагоре

Површината на водата се вика земја
а нејзината татковина облаците
на непробојната внатрешност на воздухот
дури огнот се гасне на трепетот
на нејзините трепки, мислам дека велеше
со огнениот поглед на крајот

Се плашам, реков, пред да прозбориш
за злото што сум ти го нанел со сѐ што носам
со дланките што не му се противат на студот
кога мислата ми мрзне како
што ветрот го гори лицето зад неа
изделкано од пустинскиот песок

Тогаш стана не за да го потпалиш огнот
туку да ми донесеш вода
без да ја побарам
ја остави малку да тече
поблиску до суптината на течноста
што сјае во скапоцени капки во чашата

Многупати се обидов да се сетам
што точно кажа таа ноќ
и зошто твоите зборови, незаборавени
иако не и запаметени
ме тешеа на некој проѕирен начин
ме омекнуваа кога и да течеа

Знам дека кога доаѓа, дома натоварен
ги лупам сувите облекла на сегашноста
оставам водата да тече гола по телото
и имам чувство дека се бањам со светлина
во темната бања, но дури и ако влезе светлина
ги затворам очите

Не плаши се, рече ти, ако оваа љубова не е
како што мислиш, цврста, од земја,
туку замок од песок што тоне
додека бродот што патува кон длабокото
испраќа бранови кон брегот
ги прска бебињата со сол

Битието е течно
па може да тече по падините на телото
и да се собере во садовите на душата
пред да ја врати водата на водата
пред да ги открие своите краишта во суштината
пред да стане суштина

Ништо не може да се скрие во водата

Додека паѓа на нас го остава отпечатокот
на универзумот и пред да се истопи
ја ниша својата тврда површина
создавајќи одрази
во сеќавањето на водата – се сеќаваш?
на секој миг што се заборава

Измиј си ги своите зборови ако не моите
со звукот на славината на водопадот
што носи вода од центарот на водата
што во нас е толку длабока на изворот
додека не дојде мигот
кога конечно ќе нѐ обиколи

Нема потреба да се сеќаваш на моите зборови
Но остави
Не ме оставај да одам

Од англискиот превод на Марија Кундура и авторот

АвторЈоргос Кулијарас
2018-08-21T17:20:42+00:00 ноември 9th, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 99|