Кабаре

Кабаре

Кабаре
Истории
Бегалци
Во центарот на водата
Љубовна песна
Несреќа
Најстариот занает

Сѐ уште прогонувани од прастарите приказни
од едно место на друго низ улиците
се качуваме по скалите и ѕвониме
ѕвончиња што ги покриваат извиците
на оние што ги мачат да не ја откријат
доверливоста на преписките
на кои крвават поштенските марки
со истурен восок на усните
овие потомци на племето поштари
кои неуморно се во овој релеј
од рака на рака едно единствено писмо
се врти низ светот да стигне
до својот примател кој е и праќач
пред пејзажот на марките
да стигне да го смени годишното време

Од англискиот превод на Дејвид Мејсон и авторот

АвторЈоргос Кулијарас
2018-08-21T17:20:42+00:00 ноември 9th, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 99|