И други лековити прошетки

/, Блесок бр. 93/И други лековити прошетки

И други лековити прошетки

Учејќи граматика
Третиот плоштад
На самиот себе
Посебен услов
Романтична изјава
Млади Русинки
Грешка
Одвикнување
Крстосување
Било еднаш во Белград

И да се љуби е добро: зашто љубовта е тешка.
Рилке

Отсекогаш го привлекувале светици.
Потенцијални. Мистичарки, во најава.
Се сретна со девици, луди
и мудри. Анализираше сон;
во манастир.
Разговараше со проститутка, за тоа.
Левтерно им пристапи на студиите по книжевност.
Не се грижеше за големите тајни, за библиотеките.
Го набљудуваше дрвото на животот, во стихија.
Под одреден агол. За себе.
Не го положи испитот по романтизам:
падна на мотивот мртвата сакана.

АвторДејан Матиќ
2018-08-21T17:20:46+00:00 јануари 3rd, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 93|