И други лековити прошетки

/, Блесок бр. 93/И други лековити прошетки

И други лековити прошетки

Учејќи граматика
Третиот плоштад
На самиот себе
Посебен услов
Романтична изјава
Млади Русинки
Грешка
Одвикнување
Крстосување
Било еднаш во Белград

Што чекаме овде на агората збрани?
Кавафис

Случајна средба на младич и девојка на улица.
А толку малку време за нив во овој град.
Застануваат за миг, во чудо.
Се погледнуваат, се допираат, се насмевнуваат.
Потоа таа му кажува за гратче
на грчкиот брег, каде градините
полуделе од мириси и бои, а улиците од светлина.
„Видов“, вели, „од прозорот на хотелската соба,
двајца млади на плоштадот како возат ролерки;
– очигледно се пар; а пладневното сонце ги пали
нивните исончани лица и складно градени тела.“

АвторДејан Матиќ
2018-08-21T17:20:46+00:00 јануари 3rd, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 93|