Десниот бок на мојата жена

/, Блесок бр. 49/Десниот бок на мојата жена

Десниот бок на мојата жена

По патот
Вечера
Тајни
Десниот бок на мојата жена
Средба во сенката

Децата не се дома денеска.
Синот е на екскурзија, а ќерката кај Хелена.
Кога ли последен пат сме вечерале лице в лице како сега.

Вечерниот весник најпосле ги објави фотографиите на грабнатото момче и девојче – момчето 11 години, неговата сестра 8,
исто како Кен и Рика пред две години.
Не, телото на девојчето сè уште не е пронајдено.

Вечераме, лице в лице.
Жена ми нешто кажува, јас одговарам, цело време
слушајќи ги ножевите и виљушките како тропаат врз чиниите.

Уште еден пар кој ќе го слуша истиот звук
на работ од темницата без дно;
тие можеа да бидат ние, па
да бидеме ли среќни, да ја кажеме ли молитвата на благодарност?

Трошките од лебот паѓаат од работ на мојата уста кон бездната.
Студен ветер дува далеку од длабочината.
Мојата жена ми ја подава солта.

АвторЈасухиро Јоцумото
2018-08-21T17:21:24+00:00 август 6th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 49|