Десниот бок на мојата жена

/, Блесок бр. 49/Десниот бок на мојата жена

Десниот бок на мојата жена

По патот
Вечера
Тајни
Десниот бок на мојата жена
Средба во сенката

Жена ми и нејзината мајка, всушност
мојата тешта, ги гледаат нашите деца како си играат,
исправени едни до други.
Си разменуваат зборови,
прснуваат во смеа
и потем молкнуваат, стоејќи
како трски на ветрот.

Призракот на насмевката е сè уште врз нивните лица,
гледам прастари маски,
пустелија со семе на јад скриено под
езерото преполно со неодгатливи помирувања.

Двете жени без зборови ги споделуваат
тајните за крвта змијата плодовите,
како казна
изречена само на оние што го донеле животот на земјата.

Помалото дете се обиде да се качи врз јагне и за малку ќе паднеше,
но двете жени веднаш се подадоа.
Мигот стар две илјади години
се повторува себеси како холограм
во пештерата на ова утро.

АвторЈасухиро Јоцумото
2018-08-21T17:21:24+00:00 август 6th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 49|