Во некои денови

/, Блесок бр. 95/Во некои денови

Во некои денови

Денот филтриран
Лет во место
Топола
Во некои денови
Јаболко и кос
Секојдневно
Сопствениот здив
Се сретнуваме

ВО НЕКОИ ДЕНОВИ се појавува
како среќа, сенка,
која минува низ собата

над незавршените нешта. Надвор
се крие кројачкиот шаблон на дрвјата
исполнет со смисла за можности.

Јадевме боровинки
од обраснати гробови
и никој не знае колку

забрзано движење е содржано во еден збор.
Светлината нѐ синхронизира со писокот
на делфините, кои го гледаат скритото.

Го гледам јатото птици што
полетува од твојата кожа и си замислувам
рационалист што носи сомбреро.

АвторЈурген Ненѕа
2018-08-21T17:20:44+00:00 мај 15th, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 95|