Будење во трето лице еднина

/, Блесок бр. 96/Будење во трето лице еднина

Будење во трето лице еднина

Лепливи зборови
Несовршеност
Барајќи знаење
Вуманити
Чудно и далечно
Земи сè
Доцна
Зошто и како

Какви се овие лица?
Овие веќе ги прочитав.
Какви се сите овие места?
Не ми ги покажувај повеќе!
Колку слепи може да бидеме,
Колку малку умееме да видиме?!

Го кревам погледот до „Засекогаш“
Раката ми запира на „Каде било“

Твојот тивок здив, заробен,
Твоите зборови, себично чувани,
во вечното „Зошто“ и „Зошто не“.
Која ти е маката?
Само зборови врз зборови,
И овде-онде по некој трепет,
И пак, сите тие зборови,
ловат мисли залудно.

Сите редови кои ми се губат сега,
само за да замолчиш.

АвторД.А. Лори
2018-08-21T17:20:43+00:00 јуни 21st, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 96|