Бришан простор

/, Блесок бр. 76/Бришан простор

Бришан простор

Автобиографија
Секое утро
Шумски јаготки
Изгубена слобода
Желна за дом
Меѓу две зла
Заборав: поетика на помнењето
Разбирање и вера

Одите кон врвот
ти и тишината
на шумата.

Одеднаш, нестварна глетка
– ливада натежната со шумски јаготки
го пробива видното поле, звучниот ѕид…

Светот се врти наопаку.
Прагот на очекувањето е изневерен.
Неподнослив шум.

За миг сфаќаш
– немоќта е безмерна пред убоста.
За миг се случува
избезумувачка ерекција
на сите пет, шест, седум
свети сетила.

Се кочиш, небаре примаш
нагло шибната инјекција.
Терапија со електрични шокови.
Живот со бесконечно одлаган оргазам
живот полн љубов
во којашто само другиот ужива.
Зарем веруваш дека
новите времиња ќе бидат
подобри?

Очите се избиструваат од гледање убавини.

Посакуваш да гледаш без престан
убаво и само убаво
помислата на грдото те џитка
– и таа – во очај.
Глетката е јасна.
Миоптијата ублажена.

Перверзно вжарени боски на едно место
возбудлива комбинација на црвено со зелено
во најразлични нијанси кои
ни име немаат, ама постојат
гледај!
и одблесоци од сонце
вжештен зрак
и инстинктивен страв
пред вишокот –
Господе!

2018-08-21T17:20:59+00:00 март 1st, 2011|Categories: Поезија, Блесок бр. 76|