Бришан простор

/, Блесок бр. 76/Бришан простор

Бришан простор

Автобиографија
Секое утро
Шумски јаготки
Изгубена слобода
Желна за дом
Меѓу две зла
Заборав: поетика на помнењето
Разбирање и вера

Ти се чини како да ги разбираш
празните места во историјата
темните периоди кои страдаат
од недостаток
на материјални докази
и сведоштва.

Како да го насетуваш
топлиот бран кој доаѓа
од задграничните
предели на раз–умот
кајшто расудувањето се слева
во едно
со верата.

Заминуваш.
Пред да се појави светлината
ја насетуваш
и чувствуваш
како некоја неодолива
не-човечка топлина
се вселува во светот во којшто
сè уште
живееш и ти.

Потем светлината сама
ти ги отвора
очите.

Претчувствуваш:
светот може да се смени
само за неколку мига.

Замижи.

2018-08-21T17:20:59+00:00 март 1st, 2011|Categories: Поезија, Блесок бр. 76|