Кон една рамка за реунификација на философијата
Прегледот на философските и научните претходнички на меметиката од Елан Мориц /Elan Moritz/ (27) е проширен со цел да ја покрие философијата од XX-иот век. Се вели дека „макромеметиката“, т.е. учењето за еволуцијата на целокупните мем-басени, во многу нешта е иницијатива слична на обидите на културално – еволуционистичката школа во антропологијата, која процвета во доцниот XIX-ти и на почетокот од XX-иот век. Меметиката може да понуди ново и построго дарвинистичко гледиште на оваа речиси занемарена гранка во антропологијата. Освен тоа, се посочува дека голем дел од терминологијата и концептуалниот апарат на меметиката може да се помири со оној кој го ползуваат студиите за културата на скорешните континентални философи; оттука, се сугерира можната дарвинистичка рамка за повторното обединување на западната философија.
Клучни зборови: мем, култура, еволуција, структурализам, философија, редукционизам, антропологија, цивилизација
Овој есеј е првпат објавен во “Journal of Memetics – Evolutionary
Models of Information Transmission” во 1997. Достапен е и на: http://jom-emit.cfpm.org/1997/vol1/gatherer_dg.html